Промоција на книгата „Rock N’ Beat“ и концерт со хаус музика вечер на „Скопско лето“

Промоција на книга и концерт се на програмата денеска на 46. фестивал „Скопско лето“.
На платото пред музичкиот салон „Do Re Mi“, напладне ќе биде промовирана книгата „Rock N’ Beat“ од Михајло Грбевски – Мишко. Изданието ќе го претстават новинарите Тони Димков и Ненад Георгиевски, а настап на настанот ќе има Јаков Дренковски.
Од 21 часот вечер во Сули ан ќе се одржи концерт „Хаус музика – 40 години љубов, ритам и еднаквост“ со настап на диџеите Јулијана Милутиновиќ, Зија Вишко и Зоки Бејбе.
Поводот за концертот се 40 години од препознавање на хаус музиката како засебен музички жанр, создаден во раните 1980-ти години во Чикаго.
-Во нашата клупска култура, овој жанр на музика е доминантен од самите почетоци, а денес е дел од програмата на секој простор каде се ангажира диџеј. Тројца наши хаус диџеи, кои вредно работеле изминативе декади на популаризирање на оваа музика во клубовите, но и на медиуми, особено на радио и ТВ-емисиите, ќе нè потсетат со забава на отворено на големото значење кое го има овој жанр музика низ декадите клупско живеење, соопшти „Скопско лето“.