Промоција на каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“

НУ Археолошкиот музеј денеска напладне ќе промовира каталог „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ објавен под покровителство на Министерството за култура и туризам.
Од институцијата наведуваат дека изданието е сведоштво за долгогодишната посветеност кон истражувањето, зачувувањето и претставувањето на нашето културно богатство.
-Ова издание е резултат на тимска работа, љубов кон археологијата и желба за едукација и инспирација, соопшти Археолошкиот музеј.
Како што е најавено, обраќање ќе има министерот Зоран Љутков, а промотор на каталогот ќе биде проф. д-р Драги Митревски.