Променливо облачно со повремен дожд и магла


Фото: Б. Грданоски

Во утринските часови ќе има појава на локален дожд во западните делови на државата, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје во утринските часови со услови за слаб дожд, во текот на денот облачно и со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До сабота утринската и дневната температура ќе бидат во пораст. Само во дел од котлините со појава на магла или значителна ниска облачност дневната температура ќе остане пониска. Врнежи од дожд ќе има во сабота, а од недела ќе биде постудено.