Променливо облачно и топло, попладне локален дожд


Фото: Б. Грданоски

Во среда во Македонија во средата ќе преовладува променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Утринските температури се движат од 4 до 14, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 19 и 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 28 степени.