Промена на времето со значителен пад на дневната температура
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, утре ќе настапи позначителна промена на времето.
-Од утринските часови најпрвин во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер, наместа над 70 километри на час кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали – утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени, соопшти УХМР.
Промената на времето ќе почне вечер од запад каде што облачноста постепено ќе се зголемува. И во Скопје облачноста ќе се зголеми во текот на ноќта.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник и среда времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
-Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, најавува УХМР.