Производството на струја во Украина падна за 40 отсто од почетокот на војната

Побарувачката и производството на електрична енергија во Украина паднаа за околу 40 отсто од почетокот на нападот на Русија на таа земја.
Најмногу е погодено производството на нуклеарна енергија, според податоците на Меѓнародната енергетска агенција.
Според агенцијата, која секојдневно објавува податоцџи за електрична енергија добеина од украинската национална енергетска компанија Енерго и Европската мрежа на оператори за пренос на електрична енергија Ентсо, побарувачката за струја во Украина изнесувала околу 18,5 гигавати ден пред почетокот на инвазијата, односно на 23 февруари, додека на 24 април таа изнесува 9,7 гигавати, што е пад од 47,5 отсто, пренесе Анадолија.
Производството на електрична енергија во украина, која пред војната беше на ниво од 18 GW, isto taka padna za 40 otsto na nivo od 10 GW.
Што се однесува на производството на електрична енергија од различни извори, најпогодна е нуклеарната енергија, која е преполовена од почетокот на суидирот, но значително опадна и производството на струја од јаглен – за околу 40 отсто.
Според финдацијата Белона, независна непрофитна организација со седиште во Осло, Украина има 15 нуклеарни реактори, кои во вкупното производство во земјата учествуваат со околу една половина. Но, седум реактори се исклучени од мрежата откако почна војната, додава турската агенција.