Прогласени најдобрите спортисти на Град Скопје за 2024 година


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Араовска на Бобан Илиоски од Кик бокс клубот Шампион му ја додели наградата за најуспешен спортист на Град Скопје во сениорска категорија. Како Европски шампион во кик-бокс Бобан Илиоски во Атина ја освои европската титула во конкуренција на 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачки влезови од 41 европска држава. Како носител на шампионската титула и златниот медал, Бобан е еден од најдобрите европски и светски кикбоксери.
 
Градот Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, традиционално ги додели наградите за најдобри спортисти. Признанијата на најдобрите спортисти за 2024 година, ги врачија градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Сојузот на спортови на Скопје, Зоран Стојановиќ.
 
За најуспешен тренер за 2024 година е прогласен Дејан Митровски од Кик бокс клуб Шампион, а за најуспешен спортист во категоријата на лица со инвалидност е прогласен Стоилко Стоицев од Планинарскиот клуб Македон.
 
Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) се:
Бобан Илиоски – Кик бокс клуб Шампион
Дарио Ивановски – Атлетски клуб Скопски Маратон
Тони Лазов – Шаховски клуб Алкалоид
Милијана Рељиќ – Таеквондо клуб Тигри
Михаела Мишовска – Карате клуб Олимпик Спорт 2007
Андреас Трајковски – Атлетски клуб Работнички
Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол
Стефан Михајловски – Кик бокс клуб Прокик Фемили
Симона Заборска – Карате клуб Макпетрол
Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол
 
Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени):
Силвио Мировски – Кик бокс клуб Гладијатор
Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол
Витомир Трајковски – Карате клуб Макпетрол
Никола Ѓуретановиќ – Пливачки клуб Вардар 2018
Данило Божовиќ – Карате клуб Макпетрол
Максим Митровски – Кик бокс клуб Шампион
Ива Богдановска – Џудо клуб Миоки
Петар Дамјаноски – Мечувалечки клуб Ескрим
Огнен Бундалески – Мечувалечки клуб Ескрим
Јосиф Малински – Триатлон клуб Триоги Рејсинг