Прогласени добитниците на наградата „Илија Жупаноски“
Добитници на годишната награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите, која оваа година се доделува за прв пат, се Петрит Сарачини и Жарко Трајаноски за нивната емисија „Полиграф“ во продукција на Институтот за медиуми и аналитика во соработка со ТВ Алсат.
Телевизискате емисија Полиграф на ИМА и на Сарачини и Трајаноски се емитуваше две сезони на националната телевизија и тоа е единствениот случај една ваква емисија да се емитува на национална мрежа во регионот.
Наградата „Илија Жупаноски“ за едукативна мултимедијална содржина подготвена од млади каде што на креативен и комуникативен начин, со употреба на новите технологии, се разболичуваат дезинформациите и пропагандистичките тенденции му припадна на Ардит Рамадани. Наградата на Рамадани му припадна за анализата „Хистеријата на медиумите во врска со полот на алжирската бкосерка Имане Калиф“ која како како студија на случај стади предизвика огромен интерес во земјата и во светот.
Жири комисијата за доделување на наградата „Илија Жупаноски“ одлучи да додели и посебно признание за придонесот во борбата против дезинформациите од младите наменети за младите на тимот на Канал 77 предводен од Весна Коловска од Канал 77.
Членови на жири комисијата која оваа година одлучуваше за наградата се Билјана Георгиевска СЕММ, Катерина Блажевска, Дејан Донев, Арта Тахири и Назим Рашиди.
Наградата за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите, што ја доделува Фондацијата „Метаморфозис“, го носи името на Илија Жупановски, општествен активист за демократија и активен борец против дезинформациите и против хибридните и сајбер напади врз демократиите на национално и меѓународно ниво.
Жупаноски бешe еден од основачите на концептот за дигитална отчетност и транспарентност кој придонесе македонската влада од 2017 година да биде прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност. Беше советник за дигитални комуникации во кабинетите на Претседателот на Владата на РСМ во периодот 2017-2023.
Почина ненадејно во ноември 2023 година на 41-годишна возраст.