Профитерство место фудбал, Суперлигата ја збесна Европа


Навивачите, вклучително и некои високи функционери збеснаа околу најавата за формирање на нова Суперлига за врвните фудбалски клубови во Европа.Додека гневот се зголемуваше во врска со предлогот, а политичарите се обидоа да ја покажат својата лојалност кон граѓаните кои не можат да си дозволат да седат на луксузни седишта, Европската комисија соопшти дека не планира веднаш да ја оспори новата лига на натпреварувачка основа. Со Брисел, кој не направи нешто повеќе од прокламирање дека спортот треба да ги рефлектира европските вредности, вклучително и „транспарентни, недискриминаторски правила“, се чини дека прашањето дали формирањето на Суперлигата може да се запре – останува на националните метрополи. И таму е нејасно дали владите ќе имаат законска основа да дејствуваат, и покрај тоа што некои лидери побрзаа да пратат остра порака.

Во Париз, францускиот претседател Емануел Макрон, навивач на Олимпик Марсеј, рече дека потегот – кој вклучува создавање „позлатени услови“ за 15 од најдобрите клубови на континентот – „го загрозува принципот на спортски заслуги“. Тој вети поддршка за какви било чекори што може да ги преземе европското фудбалско тело УЕФА за борба против новата лига.

Во Рим, италијанскиот премиер Марио Драги, кој ја поддржува Рома, рече дека тој „целосно ја поддржува позицијата на италијанските и европските фудбалски власти за зачувување на националните натпреварувања, меритократијата и социјалната функција на спортот“.

И во Лондон, премиерот Борис Џонсон се најде на истата страна со неговите колеги од ЕУ, твитнувајќи дека Суперлигата ќе биде „многу штетна“. Владата на Шпанија исто така излезе против плановите и повика на компромис – и покрај учеството на три од најдобрите тимови на земјата во неа.

Револтот изразен од повеќето европски лидери беше ехо на универзалниот ужас на љубителите на фудбалот во Европа, кои реагираа со презир кон Суперлигата и предавството што таа го претставува за идејата за фер конкуренција. Анкета  спроведена на 1.730 британски навивачи покажа дека 79 проценти се против овој план.

Суперлигата ќе создаде ексклузивно, трајно групирање на 15 врвни екипи и ќе го отфрли досегашниот систем на промоција и испаѓање, кој долго време им овозможуваше  на екипи од сиромашните градови барем теоретски шанси за постигнување слава во Лигата на шампионите. Супер лигата би имала  пет слотови за ротирачки тимови, но 15-те врвни екипи би останале.

Во таа смисла, идејата за Суперлигата, која нејзините поборници ја прикажуваат како соодветен економски модел за пост-пандемиско закрепнување, се чини е ново најниско ниво во долгорочниот пад на убавиот спорт во  голо профитерство.Без разлика дали е сага или еднократна криза, итноста на сегашната ситуација е јасна.

Стефан Шимански, економист и автор на книгата „Сокерекономика“, рече дека планот на Суперлигата суштински да стави крај на влегувањето и испаѓањето – темел на европскиот спортски модел – е главната причина за широко распространетата осуда. Ако се употреби политичка метафора, влегувањето и испаѓањето се спортски еквивалент на парламентарната демократија и  дури им се дава на малите партии шанса да го надминат  силниот противник и да ја освојат власта. Како и американскиот двопартиски политички систем, Суперлигата ветува претежно затворен натпревар меѓу истите борци со големо име од година во година.

„Без влегување и испаѓање, многу од европските клубови ќе умрат “, оценува Шимански.

Реакцијата на Суперлигата од страна на УЕФА е недвосмислено остра. Во пресрет на прес-конференцијата во понеделникот попладне, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, се насочи кон организаторите на отцепената лига, нарекувајќи ги „змии“(  Ед Вудвард од Манчестер Јунајтед и Андреа Ањели од Јувентус), кои „плукаат во љsубителите на фудбалот“.

Чеферин повторно се закани дека на играчите од Суперлигата ќе им биде забрането да ги претставуваат своите репрезентации на меѓународните натпреварувања, а тоа е важен чекор што секако ќе заврши во долготрајна правна битка.

Џеспер Молер, член на Извршниот комитет на УЕФА од Данска, рече дека очекува оваа недела Челзи, Реал Мадрид и Манчестер Сити да бидат исфрлени од оваа сезона во Лигата на шампионите, каде трите клуба стигнаа до полуфиналето. По побаран коментар, УЕФА потврди дека ги истражува „судските и спортските“ мерки против клубовите учесници.

Во овој момент, секој напор за регулаторна интервенција од страна на Брисел или од  националните метрополи може да биде задоцнета – барем во обидите да се изгради случај дека пазарниот капитализам во спортот сега отиде предалеку.

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритас Шинас, во изјавата за Политико изјави дека тој „многу ќе жали“ заради создавањето на полузатворената Суперлига. Комесарот Марија Габриел, чие портфолио вклучува спорт, објави на Твитер дека Суперлигата „ќе повлече неповратна штета“ и напиша :„Ние мора да го заштитиме нашиот  спортски модел заснован на културна наследност, интегритет, различност,  вклученост и солидарност “.

Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли објави на Твитер дека тој „ е против фудбалот да стане привилегија на малкумина богати“. Но, што е тоа што конкретно можат да го направат креаторите на политиките во Брисел и европските лидери за да ја саботираат Суперлигата не е толку јасно – дури и ако имаат вистинска желба да го сторат тоа .

Портпаролката на Комисијата, Соња Господинова, се потруди да ги увери навивачите  дека  Брисел е насочен кон ситуацијата во Суперлигата. Ние ги следевме  извештаите на медиумите за создавање на оваа европска Суперлига “, рече таа. „Ние сме многу заинтересирани за тоа и како љубители на спортот“.Но, таа не понуди план за спротивставување на потегот за Суперлигата, па дури и било каков специфичен коментар за предлогот.

Претставниците на Суперлигата не одговорија на повторените барања за коментар.Навивачитепакзатоасегласниибесни.Антоан Дувал, експерт за спортско право од Институтот „Асер“ во Хаг, рече дека Европа би можела да влезе во незабележана правна територија поради потенцијалните санкции за Супер лигата.

Но, додека европскиот фудбал се соочува со своето најдраматично размрдување во последните неколку децении, навивачите на Континентот повторно се чувствуваат изоставени. Иако европскиот фудбалски пејзаж се менуваше последните 30 години со профитабилни зделки со радиодифузерите и приливот на руски, американски и блискоисточни сопственици, на некое ниво овој спорт ја зачува светоста на европскиот спортски модел на напредување, испаѓање и неизвесност.

Лигата на шампионите на УЕФА, најголемото фудбалско натпреварување во Европа, останува да функционира според спортските заслуги. Клубовите мора да завршат високо на листата во својата национална лига за да се пласираат на шампионатот. И, ако тие страдаат на домашен терен, како што се случува со основачитет на Суперлигата, Манчестер Јунајтед, Арсенал и клубовите од Милано во последните неколку години, тогаш нема простор за нив во највисокото натпреварување.

Ронан Еваин, извршен директор на Фудбалските поддржувачи на Европа, ги обвини отцепените клубови за удар со нож во грбот на навивачите и побара посилно регулирање на фудбалската индустрија во ЕУ.

„Тие големи клубови се подготвени да дигнат во воздух сè што го прави фудбалот посебен“, рече тој. „Спортски заслуги. Културата на навивачите. Неизвесноста. Затоа луѓето низ целиот свет го следат фудбалот “.

Еваин се жали на фактот дека отцепените клубови го истуркаа предлогот за Суперлигата во време кога, поради пандемијата на коронавирусот, навивачите не можат да се соберат на стадионите и да ги слушнат нивните протести. „Го изгубивме главниот медиум на изразување“, рече тој.

Барни Чилтон, преставник на навивачите на  Манчестер Јунајтед  и поддржувач на клубот 45 години, рече дека потегот за Суперлигата е „сеизмички“ момент што се чувствува „срцепарателно“.

Но, за тоа дали навивачите им веруваа на политичарите и нивните силни зборови за  заштита на домашните натпревари во фудбал, Чилтон се насмеја. „Ние со децении се расправавме за правилно регулирање на фудбалот“, рече тој, „и нè игнорираа“. (Политико)