Проектот за регулација на речно корито на Сува Река не е откажан, се ревидира


Фото: Б. Грданоски

Во однос на реализацијата на проектот „ Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај“ кое минува низ неколку населени места на општината, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во моментот се чека согласност од Владата на Република Северна Македонија по доставена Информација за измена на динамика и вредност на проектот на повеќегодишна јавна набавка за финансирање.

Имено, за реализација на овој проект  МЖСПП во текот на 2023 година спроведе постапка за јавна, но постапката беше неуспешна поради неприфатливи понуди. Со оглед на тоа дека предмер пресметката е стара повеќе од 12 месеци, Министерството побара од проектантот ревидирање на предмер пресметката. Согласно ревидираната предмер пресметка финансиските средства што треба да се обезбедат во рамките на буџетот на Министерството за проектот – Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај изнесува 392.824.000,00 денари и ја надмина веќе предходно одобрената вредност.

Затоа, Министерството поднесе барање до Министерство за финансии за измена на согласноста за повеќегодишна јавна набавка за Финансирање на активности за реализација на Проектот –  “Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај” за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства со нова динамика на реализација и тоа за тековната и наредните три години.

Договорот за надзор е веќе склучен, а  во Буџетот на МЖСПП за 2024 година за реализација на  овој повеќегодишен проект се обезбедени во износ од 1.000.000,00 денари.