Проекција на филмот „Хотел Пула“ на „Киненова“

Со проекција на хрватскиот филм „Хотел Пула“ (2023) на Андреј Коровљев вечер продолжува 10. јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Главните улоги во филмот ги играат Ермин Браво, Ника Грбеља и др.
Од 30 март до 3 април 2025 година во киното Киноверзум во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе има проекции на филмови од минатите изданија на Киненова.
Публиката ќе може да ги погледне и иранскиот филм „Кафуле“ (2023) според сценарио и во режија на Навид Михандуст, „Зад стоговите сено“ (2022) во режија на Асимина Проедру и „На се ќе дојде крај“ (2024) во режија на Рајко Грлиќ.
Годинашниот фестивал Киненова“ има хуманитарен карактер, средствата од влезниците ќе бидат наменети за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.