Дојави за бомби во МНР, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и неколку училишта

Засега, од средното училиште „Орце Николов“ јавуваат дека се евакуирани. Во тек е евакуација и на средното „Владо Тасевски“ во Аеродром


Фото: Б. Грданоски

Дојави за поставени бомби пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје, како и едно основно училиште во Кавадарци.

Утринава, повторно има дојави за поставени бомби во училиштата во Скопје и во Кавадарци.

Засега, од средното училиште „Орце Николов“ јавуваат дека се евакуирани. Во тек е евакуација и на средното „Владо Тасевски“ во Аеродром. 

– Денеска (12.12.2022) околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти полицијата.

Единицата за антитероризам е на терен и ги проверува зградите, а учениците и вработените се евакуирани.

До СВР Скопје, денеска околу 9.30 часот било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се вели во соопштението од МВР.

Дојава за бомба денеска околу 8.20 часот, пристигнала и во Полициска станица Кавадарци, каде како што информираат од МВР, било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.