Продолжува топлото време
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 21 до 27 степени.
Во Скопје, слично време со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.
Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во вторник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.