Продолжува судењето за „Пулс“ – ќе се сослушаат пет нови сведоци
Во судницата во Идризово денеска продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште е предвидено сослушување на пет нови сведоци и законски застапници на оштетените.
„Општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи трагедијата во ‘Пулс’. Не е важно само кој го запалил огнот, туку и кој имал можност да го спречи“, порача обвинителот Јанев, додавајќи дека објектот бил „смртоносна стапица“ поради недостиг на контрола.
Од друга страна, одбраната на сопственикот Дејан Јованов и неговиот син Михаил ја оспорува вината, тврдејќи дека поседувале документација и дека вината е кај институциите. Сите обвинети во случајот се изјаснија за невини. Кобниот пожар избувна на 16 март 2025 година за време на концерт, кога во дискотеката имало над дозволениот број посетители и била користена пиротехника без дозвола.