Продолжениот викенд променливо облачно, со повремен засилен северен ветер
Променливо облачно време со умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец и минусни утрински температури, најавува УХМР за наредните денови.
Како што информира, во понеделник ќе има и услови за слаби врнежи од дожд.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе достине 15 степени.