Продолжен викенд со супер попусти во Fashion Group (фото)


Викендот секогаш носи позитивно расположение, но Fashion Group се погрижи да го направи уште повозбудливо со три дена супер попусти на актуелните колекции за есен-зима 24.

Од групацијата ги повикуваат сите љубители на шопингот да зачекорат во празничните денови со -20% попуст и да го комплетираат сезонскиот плакар со омилените брендови. Оваа акција ќе биде актуелна во продавниците на Mango, Fashion&Friends, Guess, Replay, Timberland, и се однесува на новите есенски колекции за жени, мажи, но и најмалите, па сега е идеално време да инвестирате во џинс, есенска јакна, здолништа или во зимски јакни. Мажите никако да не ги одминуваат и продавниците на Boss и Dan John, бидејќи можеби токму таму ќе ја најдат својата нова омилена кошула, панталони или одело.

Дополнително, само овој празничен викенд, актуелна ќе биде и Cross акцијата со -10% за едно купено парче, -20% за купени две, што е причина повеќе за прошетка низ продавниците на Springfield каде буквално целото семејство може да си најде тренди есенски парчиња на супер намаление, но и Geox каде акцентот ќе биде на топлите зимски јакни и Women’secret за оваа сезона да биде уште поудобна, а и секси. 

На крајот, оваа супер акција ве чека и во продавниците на Parfois со огромната палета на накит и додатоци за коса, со кои секој есенски изглед ќе биде уште повпечатлив. 

Од групацијата потсетуваат дека, оние што можеби продолжениот викенд ќе го искористат за патување, сепак нема да мораат да ги пропуштат овие викенд-попусти, затоа што тука е онлајн апликацијата, односно онлајн продавницата fashiongroup.com.mk, каде исто така важат празничните акции. 

„Се’ е подготвено за и овој викенд уште еднаш да бидеме вашето најдобро место и друштво за шопинг!“ – порачуваат од Fashion Group. 

*Комерцијалне текст