„Пробно членство“ во ЕУ за земјите од Западен Балкан?


Јан Маринус Виерсма од Институтот за меѓународни односи предлага воведување „пробно членство“ во ЕУ во траење од две години за земјите од Западен Балкан.

Тој смета дека треба да се воведе и друг систем на надгледување на реформите во земјите кандидатки во регионот, но и да се зголемат вложувањата.

„Пробното членство“ би подразбирало земјата -кандидат да нема право на глас, но дека може да учествува во седниците и самитите на Унијата.

„Тоа може да ги охрабри државите кои се скептични кој новите членки, како што е франција“, вели Виерсма за порталот Јуропиан вестерн Балканс.

Тој предлага и зголемување на вложувањата во земјите-кандидатки.

Според нeго, повеќето граѓани во ЕУ гледа проблем во тоа Турција да стане членка на Еу и тоа е една од причинте што се противат на проширувањето.

Во Брисел сметаат дека со воведување нови членки кои се водат под авторитарен режим, ќе се нарушат односите во ЕУ.

За претседателите на Црна Гора и на Србија, Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ вели дека помалку авторитативни, додека албанскиот премиер Еди Рама го гледа како „голем газда во Албанија, а за македонскиот премиер Зоран Заев вели дека на некој начин е поинаков профил.

Смета и дека ЕУ треба да биде „поагресивна“ во преговорите со државите на Западен Балкан, така што вели, треба да го унапреди процесот на контрола реформи.

Зборувајќи за власта и опозицијата во земјите од регионот, Виерсма вели дека бојкот на работата на парламентот и бојкот на изборите не се добра ситуација.