Проблеми во Германија, уништени 1.000 дози вакцина против корона вирус?


 

Во германија, во неделата, во неколку градови доцнеше вакцинацијата против корона вирусот, затоа што термометрите на повеќе од 1.000 примероци од вакцината покажале дека таа можеби не се чувала цело време на доволно ниска температура.

„При очитувањето на дневникот на температура, кои беа затворени во термокутии, се појавија сомнежи во исполнувањето на барањата за струден синџир“, објави округот Лихтенфелс, на северот на најголемата германска покраина Баварија.

Медицинскиот персонал открил дека температурата во една од термокутиите за транспорт на вакцината се качила на 15 степени Целзиусови, откри портпаролот на Лихтенфелс, што е повеќе од вредоста од 8 степени Целзиусови што ја одредија производителите.

Поради сомнителните 1.000 примероци, неколку окрузи во Баварија чекаат одговор од „Бионтек“, дали може да се користат вакцините.

„Бионтек“ одговорил на барањето, но договорот не е познат, а „Фајзер“ го упати Ројтерс за одговор во „Бионтек“.

„Не е суштината во тоа кој прв ќе се вакцинира или кој има најмногу дози, туку приоритет е безбедноста и совесната работа во корист на нашите граѓани“, рече Оливер Беар, управител на округот Хофу.

Постапка за чување на вакцините

Инаку, вакцината која ја користи новата таканаречена мРНА технологија мора да се чува на ултра ниски температури од околу -70 степени Целзиусови, пред да дојде до дистрибуциските центри во посебно дизајнирани кутии кои се исполнети со сув мраз.