Проблематично греењето во 378 колективни станбени објекти во Скопје
Ги повикуваме потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона
Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1ви октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12оС според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Токму поради тоа, во овој период во тек се редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност со цел да се обезбеди сигурно и квалитетна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи по почетокот на грејната сезона.
Во моментов во околу 378 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.
Снабдување со топлина Балкан Енерџи веќе испрати писма до сите потрошувачи, Заедници на станари, односно до компаниите кои управуваат со станбените единици за нивните обврски во однос на непречениот почеток на грејната сезона.
Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.
За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ Снабдување
Истовремено Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.