Приведени вандалите што го нападнаа македонскиот клуб во Благоевград

Приведени се вандалите кои го искршија стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.
Приведените целосно ја признале одговорноста за кршењето, објави бугарската телевизија НОВА. Уапсени се четворица, од кои двајца мажи и две жени, дознава репортерот на весникот „24 Часа“.
Стаклото на македонскиот клуб беше искршено вечерта на 4 февруари, кога се одбележуваше денот на раѓањето на Гоце Делчев и имаше тензии на граничниот премин Деве Баир.