Приведени и двајца политичари?

Покрај специјалната обвинителка Катица Јанева, приведени се и двајца политичари, јавува телевизија Алсат.
Засега нема повеќе детали. Во 14 часот Јавното обвинителство закажа прес-конференција.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево со полициска придружба е донесена во СЈО, откако беше приведена во нејзиниот дом во Скопје.
Пред влезот на СЈО се припадници на полицијата, а на паркингот е паркирано полициско комбе. Влез во зградата на СЈО во моментов не е дозволен.
Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева.
Јанева вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.