Приведени 19 Кубанци кои нелегално ја преминувале границата со Грција
Во два одделни случаи, во неделата фатени се 19 Кубанци кои нелегално сакале да ја преминат грчко-македонската граница на преминот „Богородица“.
Според МВР, во неделата во 20.40 часот во Гевгелија и во близина на граничната линија со Република Грција, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ од слобода се лишени 15 лица мигранти, од кои три малолетници, сите од Куба, затоа што осум од нив илегално влегле од државата, а седум се обиделе нелегално да ја преминат државната граница.
Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, нешто порано околу 17.20 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Богородица“ од слобода се лишени четири лица мигранти од Куба, кои илегално влегле од државата.
Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.