Приведен сопственикот на отпадот во Визбегово, пожарот се гасне од земја и од воздух (фото)

Со пожарот се зафатени хаварисани возила со плински уреди поради што се слушаат детонации, но досега нема зафатено куќи


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот. Во пожарот е повредено и едно лице. 

– До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот, информира МВР.

Фото: Б. Грданоски

Со пожарот се зафатени хаварисани возила со плински уреди поради што се слушаат детонации, но досега нема зафатено куќи. 

(Фото: Б.Грданоски)

Во гаснењето учествуваат еден авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер. Од копно во гаснењето се вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила на „Комунална хигиена“.

Сепак, хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи „aгуста бел 212“ кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово, е повлечен поради силиот ветер и густиот чад.

Мапа каде гори

– Хеликоптерот на МВР „aуста бел 212“ беше упатен да помогне во гасењето на пожарот во Визбегово. Беа извршени повеќе фрлања на вода но поради засилениот ветер и густиот чад, за сега хеликоптерот е повлечен во базата, соопшти МВР.

Пожарот беше пријавен во СВР Скопје во 09:16 часот. Се појави на отпад со стари хаварисани возила со плински боци поради што повремено се слушаа и детонации.

Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи потврди дека едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош. 

– Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош, стои во информацијата од МВР.