Приватните превозници повторно најавуваат протест, нема да сообраќаат поради долг?!


Фото: Б. Грданоски

Скопје се соочува со нов колапс на јавниот превоз. Приватните превозници најавија протест во понеделник, пишува Телма.

Според нив, приватните автобуси нема да сообраќаат во понеделник, туку ќе останат паркирани во гаражите.

Ваква одлука донеле приватниците, кои тврдат дека не добиле пари од јануари, потребни за да може да работат.

Дел од нив, се пожалиле до редакцијата на Телма дека долгот се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а надлежните никако да го решат проблемот.

Инаку, ова не е прв пат Скопје да остане без приватни автобуси.

Причината и претходно беше долг, а тогаш градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска инсистираше дека не им должи ништо. Сепак инспекцискиот надзор го покажа спротивното.