Приватните автобуси се исклучија од сообраќај


Фото: Б. Грданоски

Приватните автобуски превозници што сообраќаат во Скопје денеска во 10 часот ги повлекоа возилата од линиите. Тие најавија дека ќе работат скратено – само од 5 до 10 часот – сè додека ЈСП не им го подмири долгoт за изминатите шест месеци, проценет на 90 милиони денари.

Според превозниците, вкупниот долг на ЈСП кон нив изнесува 170 милиони денари.

Тие велат дека им е кажано оти Град Скопје префрлил дел од средствата кон ЈСП, но не е јасно каде се насочени парите.

Превозниците најавуваат дека ограничениот режим ќе трае додека не се изврши исплатата.