Притисоците на Камчев му се спојуваат и е во алармантна состојба,тврдат неговите адвокати


Здравствената состојба на Јордан Камчев, во затворот КПУ Скопје се влошува, јавува неговата одбрана. Неговите адвокати велат дека во затворот нема соодветни услови за третирање на неговата здравствена состојба.

Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка , но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата. Првично, денес во текот на утрото г-динот Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот ,,медицински тим,, констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето. Потоа, во 14.30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за Кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која што се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот ,,медицински тим,,  оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и газирана вода. Сериозноста на здравствената состојба во која што моментално се наоѓа и  несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по животот на г-динот Камчев, се вели во соопштението на адвокатите на Камчев.