Пристигнуваат реакциите за изјавата на Макрон: Употреби доста сурови зборови


Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека речникот кој го употреби францускиот претседател Емануел Макрон бил суров и порача дека не го дели неговиот став.

Меркел се осврна на изјавата на Марон дека НАТО минува низ „мозочна смрт“.

„НАТО останува камен темелник на нашата безбедност“, изјави Меркел на прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Берлин.

Столтенберг, исто така, го отфрли описот на Макрон за НАТО.

Макрон претходно, во интервју за британски „Економист“, оцени дека НАТО е на смртна постела, а дека Европа се наоѓа на работ на пропаст.

Тој ги предупреди европските земји дека веќе не можат да се потпрат на САД, односно дека од Америка повеќе не може да се очекува дека ќе застане во одбрана на земјите членки на НАТО.

„Она што во моментов го минуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО. Европа се наоѓа на работ на пропаст“, изјави Макрон.