Принцезата од Велс е премногу добра за злобната малограѓанска Британија


Секогаш дебатиравме „дали да ги укинеме членовите на кралското семејство?“, но со оглед на начинот на кој ги третираме, немојте да се изненадите ако самите гласаат да се укинат.

Болеста на принцезата Кејт требаше да биде дочекана со сочувство и приватност. Наместо тоа, таа беше подложена на невистинити гласини – дека умира, дека е мртва или се разведува од Вилијам – а семејната фотографија што таа малку ја дотеруваше  беше анализирана од повеќе фантазисти отколку филмот „ЏФК“ на Запрудер.Погледнете внимателно над третата рака на Кејт и можете да го видите Ли Харви Освалд како се качува на летечка чинија.

Републиканците мислат дека Британија ја задржува монархијата затоа што ние сме куп мазохисти што сами се влечат кон дното. Но, има посилни докази за националната карактеристика на садизам.

Во 2013 година, Хилари Ментел напиша есеј во кој ја опиша Кејт како „дизајнирана од комисија и направена од занаетчии“, „совршена“ жена која е избрана да го спаси брендот Виндзор. Текстот беше злобен и низок, но коректно тврдеше дека „кралското тело постои за да се гледа“ – било да е тоа средновековна кралица која мафта со труднички стомак или Елизабета Втора како стоички мавта од балкон за да докаже дека е сè уште жива.

Проблемот е што духот на демократијата го прекршува златното правило „гледај, но не допирај“. Кога субјектите стануваат потрошувачи, тие имаат став дека она за што платиле, го поседуваат.

Анкетите покажуваат дека Британците сакаат нашите кралски членови да бидат дистанцирани, но сепак да знаат се за нив, да ни покажат сè, но никогаш премногу. Доколку Кејт сподели 100 отсто нелакирана семејна фотографија – со сладолед на фустанот, со дете во солзи – ќе кажевме дека изгледа како по железничка несреќа. Кога е фатена како ја средува фотографијата – како што и е кажано, сите ја етикетираат како лажна.

Се чини дека нашите кралски височества мора да бидат егзотични, но приземни, елегантни, но скромни, додека станувате малограѓанска земја со злобен дух која ја гледа убавината на крунисувањето и вели „дека парите можеле подобро да се потрошат за изолација на Домот на Советот“. Без оглед на навредите што луѓето ги упатуваат кон кралското семејство, тие на нив не можат да одговорат – „никогаш не се жалат, никогаш не објаснуваат“ – ниту да залепат плакат во палатата на кој пишува „злоупотребата на нашите вработени нема да се толерира“.

Штрајк очигледно не доаѓа предвид, иако експериментот со слаба монархија ги остави опасно без кадар. Кралот бил болен, Кејт била лошо, Ендрју е во каша, а Хари е во Калифорнија. Тоа ја остава принцезата Ана да го отвора секој супермаркет од Land’s End до John o’Groats – но, жена со таква совест и издржливост не само што ќе биде на време само за својот погреб, туку ќе ја пресече и лентата.

Монархијата, како и остатокот од земјата, има недостиг на работна сила. Колку долго ќе помине пред да ги напуштат работните места во кои не уживаат, за да се одлучат да прават подкасти?

Кралството е напорна работа – затоа што е невозможна. Ставаме круна на главата на кралот како приказ на божествено одобрена хиерархија, а потоа му шепнуваме на уво: „Запомни драг колега, ова е само за прикажување“. Некогаш компензација за таквата одговорност беше моќта; денес монархијата е театар, една од неколкуте институции што Британија ги чуваше затоа што не можевме да се натераме да ги отфрлиме.

Го напуштивме феудализмот, а сепак го одржуваме Дом на лордовите; Го отфрливме Бога, но се заглавивме со англиската црква. Бидејќи овие нешта повеќе не ги негуваат живите верници, тие наместо тоа станаа куратори на старите идеали  и на тој начин монархијата функционира како еден вид жив експонат, со нејзините актери кои ги прикажуваат уметностите и занаетите од подобрата ера. Има многу написи како да се облечеме како  Чарлс III (одговорот е „вложи што е можно помалку труд“), додека Вилијам шета со униформи кои нè потсетуваат на времето кога всушност владеевме со морињата, наместо да ги крстосуваме бесцелно.

Дали градам случај за републиканизам на страниците на Телеграф? Не! Јас сум за монархија. Едноставно предупредувам дека не можете да имате кралство ако не ги третирате како членови на кралско семејство и ако  не покажете одредена почит на нивните функции, освен ако не ја признаеме моралната и религиозната цел на оваа традиција.

Хилари Мантел праша: „Дали монархијата е соодветна институција за возрасна нација?“ Нејзината грешка беше што претпостави дека Британија е населена со возрасни. Се однесуваме со детско невнимание кон институциите кои зрел човек би ги почитувал, поставувајќи го прашањето – дали заслужуваме или не да ги задржиме?

Времето исто така докажа дека нејзината употреба на зборот „совршена“ за да ја опише Кејт е за жал неточна. Сега знаеме дека таа е кревка како и останатите. Ако ништо друго, ќе беше подобро да ја наречеше „супер нормална“.

Британија ја прегрна Кејт кога се омажи за Вилијам затоа што таа ги отелотворуваше  вредностите на средната класа на трезвеност и самопоседување. Каква промена од Дијана или Ферги, каков контраст од Меган Маркл. Кејт никогаш не излезе „од шините“ или, ако тоа го направила  затоа што сите ние понекогаш го правиме тоа – таа никогаш опсесивно не се огласила на телевизија, прикажувајќи ги своите трауми и вознемиреност како знаме на гордоста.

Можеби најреволуционерниот чин на принцезата во оваа ера на прекумерно споделување беше  да не остави во мир. Велам, и ние ѝ го должиме и истото. (Телеграф)