Принцезата Кристина од Шпанија се раздели од сопругот откако беше сликан со друга жена
Шпанија– Помладата сестра на шпанскиот крал Фелипе, принцезата Кристина, објави дека се разделува од сопругот Инаки Урдангарин по 24 години брак.
„Со заеднички договор решивме да го раскинеме нашиот брак. Нашата посветеност кон нашите деца останува недопрена. Бидејќи ова е приватна одлука бараме најголема почит од сите оние околу нас“, рече двојката, која има четири деца, во изјава според Тајмс.

Објавата доаѓа една недела откако фотографиите во шпанскиот таблоид Лектурас ја открија наводната афера на Урдангарин со друга жена. Двојката беше фотографирана како се држат за раце за време на посетата на јужна Франција.
Кога го прашаа за неговата афера, Урдангарин им рече на новинарите: „Овие работи се случуваат. Тоа е тешкотија со која ќе се справиме со најголема спокојство и заедно како што секогаш правевме“.
Во 2018 година, по судењето со големо објавување, Урдангарин (54), кој е поранешен член на ракометната репрезентација на Шпанија, беше прогласен за виновен за даночна измама, проневера и трговија со влијание и осуден од Врховниот суд на шест години и три месеци затвор.
Принцезата Кристина (56), исто така, беше обвинета за даночна измама како дел од шемата за проневера од 6 милиони долари во која беа вклучени нејзиниот сопруг и 16 други обвинети, но беше ослободена во случајот. Кралот Фелипе ги одзеде титулите на својата сестра и Урдангарин, војводата и војвотката од Палма де Мајорка, во 2015 година.
Од минатиот јуни, Урдангарин е на полу-отпуст – програма што му дозволува да го напушти затворот и да престојува со својата мајка во баскискиот град Виторија додека бил вработен како консултант во сметководствена фирма.
Принцезата Кристина, која е позната како Инфанта Кристина во Шпанија и останува шеста по ред на тронот, моментално живее и работи во Швајцарија. (Пипл)
