Приливите од дознаки во Србија во март помали за 28 милиони евра
Во Србија во март врз основа на дознаки се слеале 214,6 милиони евра, што е за 28 милиони евра или 11,5 отсто помалку од истиот месец минатата година, јавија српските медиуми. Од Народна Банка на Србија објаснувааат дека намалувањето е последица на пандемијата на корона вирус во светот.
Речиси една третина од сите приливи по оваа основа, односно на личните трансфери на пари, пристигнале од Германија, односно 191,1 милиони евра (28,7 отсто).
Личните трансфери вклучуваат дознаки, пензии и други социјални примања, како и помош и подароци од странство, испратени до физички лица кои се државјани на Србија, објаснуваат српските банкари.
Во текот на март годинава, просечниот износ по поединечна трансакција изнесувал околу 900 евра, додека околу 90 отсто од приливите по оваа основа се остварени во евра. Во периодот јануари-март годинава, приливот изнесува 665,5 милиони евра, што е за 72 милиони евра (9,8 проценти) помалку во однос на истиот период лани.
Повеќето од дознакитет во Србија доаѓаат од земјите каде што живее и работи голем дел од тамошната дијаспора, пред се од Германија, Швајцарија, Австрија и Франција.
На листата на 10-те најзначајни земји од кои дошле најмногу пари во Србија во првите три месеци од оваа година се Германија со 191,1 милиони евра (28,7 проценти), Швајцарија 87,1 милиони евра (13,1 отсто), Австрија 47,5 и Франција 46,5 милиони евра, а потоа следат САД со 43,8 милиони евра.
Следува Хрватска со 36,2 милиони евра, Италија со 13,7 милиони евра, Руската Федерација 12,8 и Шведска 10,9 милиони евра, додека Словенија е на десеттото место со 13,1 милиони евра.
Вкупно 162,8 милиони евра пристигнале од други земји во светот од каде доаѓаат парите по оваа основа, што е 24,5 проценти од вкупните дознаки за првиот квартал од оваа година.