Прилеп распиша конкурс за доделување 20 стипендии на студенти на Економскиот факултет во градот
Општина Прилеп ќе додели 20 стипендии на студенти на Економскиот факултет во Прилеп. Јавниот повик за пријавување е распишан денеска.
Целта е да се покаже опшествена одговорност кон младите за нивно академско усовршување во општината каде живеат, како и за обезбедување социјална заштита на социјално ранливите категории на студенти од Прилеп.
-Крајна цел на доделувањето на стипендиите е придонес на студентите кон општина Прилеп за нејзина афирмација, соопштуваат од прилепската локална самоуправа.
Стипендиите ќе се доделуваат на студенти кои ќе се запишат на Економскиот факултет во Прилеп во тековната академска година во прв и втор уписен рок, како редовни студенти. Стипендиите ќе се однесуваат на партиципацијата за студирање за првата академска година. Конкретно, по 10 стипендии ќе добијат новите студенти во категориите за најдобри студенти и студенти од ранливата категорија граѓани.
Јавниот повик за пријавување на студентите за стипендии е од денеска и ќе трае пет дена. Сите услови се утврдени со правилник на Општината за стипендирање студенти.