Пријавете штети од невремето во Аеродром
Службите на општината во координација со ЈП ,,Паркови и зеленило” и утрово се целосно ангажирани за отстранување на штетите предизвикани од силното невреме кое го зафати Аеродром.
На терен се ангажирани сите расположливи човечки ресурси и целата механизација со која располага општината и наскоро ќе бидат отстранети сите дрвја, гранки и објекти кои го попречуваат движењето на граѓаните и претставуваат опасност, соопштија од општината.
Од невремето, во текот на ноќта беа забележани и пријавени неколку паднати здрави и зелени дрвја, а причинета е и материјална штета. Отворената линија за пријавување на штета од невремето е отворена и денеска од 8-16 часот, на телефонскиот број 2400970.