Пријанка Чопра-Џонас и Ник Џонас ќе ги објават номинациите за Оскар


САД- Американската академија за филмски науки и уметности ја резервира двојката која ќе ги објави номинациите за 2021 година.

Музичарот Ник Џонас (28) и сопругата, актерката и мис на светот за 2000 година,  Пријанка Чопра-Џонас (38) синоќа на Инстаграм открија дека ќе ги објават номинациите во сите 23 категории на годинешната церемонија, в понеделник.

Оскарите во 2021 година ќе се емитуваат во недела на 25 април во 20 часот. 

Најавата дојде само неколку дена откако Џонас го промовира последниот соло-албум  Спејсмен. Музичарот беше отворен за тоа колку албумот беше инспириран од неговата љубов кон Чопра и времето што тие беа принудени да го поминат разделени поради пандемијата со Ковид-19.

Двајцата имаа виорна романса, најпрво се споија во мај 2018 година, пред да се свршат во јули. Подоцна, двојката се венчаше во дуелни романтични церемонии тој декември, во САД и во Индија.

За време на неодамнешниот разговор со Зејн Лоу од Apple Music, Џонас изјави дека голем дел од неговиот нов албум е посветен на неговата сопруга, која глуми во претстојниот филм на Матрикс 4.

“Таа го сака тоа. Повеќето од песните се прилично само љубовни писма, кои кога не можам да го артикулирам начинот на кој се чувствувам со своите зборови без музика, одам во студиото”, рече тој. „И јас сум благодарен што го имам тоа затоа што тоа ја прави среќна, и тоа е најважно, изјави Џонас за „ПИпл“.

Свеченоста на доделувањето на Оскарите на 25 април ќе се одвива на повеќе места, а не само од „Долби театарот“ во Лос Анџелес, како досега, соопшти Американската академија за филмски науки и уметности.

Театарот „Долби“

– Во оваа уникатна година, која бара толку многу од нас, Академијата е решена да ги додели Оскарите, притоа давајќи приоритет на јавното здравје и безбедност на сите што ќе учествуваат. За да создадеме претстава која нашата светска публика ќе сака да ја види, прилагодувајќи се на барањата на пандемијата, свеченоста ќе се емитува во живо од повеќе места, вклучително и „Долби театарот“. Со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе подробности, но тоа ќе се случи наскоро, соопшти Академијата.

Годинешниот пренос е замислен како своевидна комбинација од класичен ТВ-пренос, видеоврски со ѕвездите и интернет-пренос. Оскарите се најгледаниот забавен настан во САД, покрај Еми, Греми наградите и Златните глобуси.

И покрај минатогодишниот рејтинг на историски минимум со 23 милиони гледачи, доделувањето на Оскарите е на второ место по рејтинг, зад Суперболот.