При судир на камион и минибус во Романија загинаа 10 лица

Вкупно десет лица загинаа и седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу камион и минибус што се случи во јужниот дел на Романија.
Романската служба за итни случаи соопшти дека се судриле камион и минибус, при што загинале и возачите на двете возила.
Локалната полиција отвори истрага за причината за судирот.
Светските агенции јавуваат дека причина за несреќата најверојатно е лошата патна инфраструктура во Романија.