Преживеан од Кочани дојде со преврзана глава на судењето во „Идризово“
Ова беше момент на тешка тишина во судницата, бидејќи за првпат преживеаните се сретнаа очи в очи со првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката.
Оштетениот со завои е само еден од вкупно 222 повреди лица (157 со тешки телесни повреди и 65 со телесни повреди) кои таа ноќ се бореа за живот во стампедото и пламените јазици.
Обвинителството најави дека во дополнение на доказната постапка ќе приложат и дополнителни докази од медицинска документација кои пристигнале подоцна или пак се преведувале во меѓувреме.
Првообвинетиот Дејан Јованов, на прашањето на судот „дали го разбирате обвинението што ви се става на товар“ одговори „знам и јасно ми е за што сум обвинет“, на прашањето дали се чувствувате виновен за кривичните дела што ви се ставаат на товар одговори „не се осеќам виновен за овие кривични дела што ми се ставаат на товар“.
Неговиот син, Михаил Јованов кажа дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар, а одговорност негираа и сите останатите кои се обвинети.
Адвокатката на Дејан Јовановски-Деко, газда на „Пулс“ кажа дека тој не е монструм, ниту виновен за трагедијата во која загинаа 63 лица.
„Тешко ми е да го бранам човекот што за сите вас, во вашите очи е убиец, а за мене само еден обичен човек. Еден обичен човек кој колку и да го правите монструозен, тој не е. Тој е човек на кого му падна на товар, институционалната одговорност. Не сме свесни ниту колку локали и моментално функционираат пропуштени од институцинален надзор, кој во конкретниот случај ниту ние немаше да го осазнаеме, ако ја немавме и немарноста на ангажираните музички артисти (ДНК) кои биле ангажирани во локалот на Дејан“, рече адвокатката.
„Дејан е човек, а не монструм. Не сакал тоа да се случи. По оваа трагедија која е последица на долгогодишната непрофесиналност на системот, морам да напоменам дека и јас како човек кој живее во ова општество, барам правно издржана завршница.
Таа го критикуваше обвинителниот акт: „Ова е најиздржаното обвинение. Говорот на Обвинителството беше поетичен“, додаде таа. објави Скопје1.мк