Претставување на програмата за одбележувањето на Франкофонијата 2025

Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата денеска ќе ја претстават културната програма и другите активности за одбележување на Франфонијата во текот месец март и на почетокот на април 2025 година.
За програмата на годинашното одбележување на Франкофонијата ќе говорат амбасадорите на Франција Кристоф Ле Риголер, на Швајцарија Вероник Хулман, на Романија Моника Аксинте и на Грција Софија Филипиду, соопшти Францускиот институт во Скопје.
Тие ќе проговорат и за универзалните вредностите на Франкофонијата, важечки не само за земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Р. Северна Македонија е полноправна членка на оваа Организација од 2006 година), туку и за сите земји кои го почитуваат францускиот јазик и јазичниот диверзитет, солидарноста, мирот, демократијата и човековите права како ултимативни општествени вредности.
Најавено е присуство и на други претставниците на земјите членки на Франкофонијата: почесната конзулка на Белгија, почесната козулка на Канада, првиот секретар во Амбасадата на Бугарија и партнерите на Францускиот институт – Музејот на современата уметност во Скопје, Кинотека, Скопје Сити Мол и Синеплекс.