Претставник на Белата куќа од септември е во болница поради Ковид-19
Високиот безбедносен претставник на Белата куќа, Кред Бејли уште од септември е во болница откако се зарази со новиот корона вирус, објави Блумберг њуз.
Агенцијата се повикува на неименувани извори, а Белата куќа одби да коментира.
Досега кај 27 блиски соработници на американскиот претседател Доналд Трамп е потврдено присуството на Ковид-19.