Претставници на Стразбур во Скопје пред објавувањето на одлуката за амнестијата на Иванов
Делегацијата од Судот за човекови права и Министерството за правда ќе организираат тркалезна маса за извршувањето на пресудите на Стразбур

Делегација од Одделот за извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права на Советот на Европа и преставници на Министерството за правда во понеделник во Скопје ќе организираат тркалезна маса на која ќе дискутираат за извршувањето на пресудите на ЕСЧП и за функционирањето на механизмот за надворешна контрола во Македонија.
Тркалезната маса ќе се одржи пред објавувањето на одлуката на Европскиот суд за човекови права за случајот со амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов, која со големо внимание се очекува во државата бидејќи може да ја реши судбината на многу процеси што ги покрена СЈО против високи функционери на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Едмонд Темелко од Албанија.
Објавувањето на писмената одлука официјално е најавено за 16 февруари во Стразбур.