Претседателски стил на Водно: Чистата елеганција на Фон дер Лајен и Сиљановска Давкова 


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaри прва средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во резиденцијата на Водно. Фон дер Лајен во оваа прилика и упати честитки што е првата жена претседател на С Македонија.

Со стилот, и двете покажаа висока дипломатија во Скопје. Елегантни со сакоа, едната во панталони, а другата во фустан, разговараа денес во претседателската вила. Фон дер Лајен веќе препознатлива, во џиш розево стилизирано сако, со бела свилена блуза, и дискретен бисерен гердан како моден додаток и широка насмевка. Претседателката Давкова во црно-бела комбинација, црн фустан на краевите обрубен со дискретна тантела, бело стилизирано сако со масивни сребрени копчиња и бисерен ѓердан како моден додаток.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е младолика, симпатична, со вита става и е модно освежување во „здодевниот и униформиран“ Брисел. Стилско олицетворение на Европа, едноставна, но комплицирана за разбирање, лишена од премногу модни детали, удобноста и практичноста го следи сепак сериозниот дрес-код на претседател на ЕК.

Најчесто избира пантолони со впечатли ремен, омилени и се кошулите со сакоа во разни бои. Косата и е кратка и секогаш исфенирана, накитот дискретен, шминката дискретна но впечатлива и сака кратки чизмички-чевли.

Првата жена претседател на Македонија, универзитетската професорка Гордана Сиљановска Давкова е под лупа на јавноста и со својот изглед кој пополека го откриваме на средбите во претседателската вила на Водно, летово, во Горица, во Охрид или на гала настани во Скопје. Не робува на една боја, ќе ја видиме во гардероба во бела, сина, зелена, розова боја… Во фустани, здолниште, стилизирани пантолони… Кројот некогаш е строг , а некогаш полежерен. Чевлите, очигледно и се моден фестиш, а единствена константа и е ѓерданот како моден додаток, најчесто од бисери. Косата секогаш и е исфенирана, шминката дискретна. 

Л. Сабит