Претседателот на ОАЕ: Имаме дебела кожа и горчливо месо, не сме лесен плен
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, денес изјави дека неговата земја е во војна, но дека состојбата на нацијата е добра.
Во своето прво јавно обраќање откако иранските воени сили лансираа ракети врз ОАЕ и во екот на нападите на САД и Израел врз Иран, Мохамед бин Зајед ал-Нахјан им рече на своите непријатели дека ОАЕ не се лесен плен, објави Ројтерс.
„ОАЕ имаат дебела кожа и горчливо месо, ние не сме лесен плен. Ќе ја исполниме нашата должност кон нашата земја, нашиот народ и нашите жители кои се исто така дел од нашето семејство“, рече Мохамед бин Зајед ал-Нахјан.