Претседателот на Исланд во самоизолација
Исландскиот претседател Гвидни Јоханесон ќе биде во карантин до 9 ноември, откако беше потврдено дека еден од вработените во неговата резиденција бил позитивен на корона вирусот.
Претседателот нема симптоми на корона вирусот и неговото семејство не мора да оди во карантин, соопшти неговиот кабинет.
Исланд на 31 октомври ги заостри мерките со цел спречување на ширењето на корона вирусот. Не е дозволено собирање на повеќе од десет лица, а забранети се и тие спортски активности. Мерките ќе важат до 17 ноември.
Исланд од почетокот на пандемијата пријави 4.957 случаи на корона вирус, а починати се вкупно 17 лица.