Претседателот на иранскиот парламент позитивен на вирусот


Претседателот на иранскиот парламент Али Ларијани е позитивен на корона вирусот, соопшти иранскиот парламент.

Според АП, Ларијани е највисок функционер во иранската влада кој е позитивен за вирусот.

Во соопштението објавено на веб-страницата на иранскиот парламент се вели дека Ларијани прима терапија.

На Блискиот исток, потврдени се повеќе од 82.000 случаи и 3.600 жртви, повеќето од нив во Иран. Иранскиот министер за здравство вчера објави дека уште 124 лица починале од вирусот, зголемувајќи го бројот на загинатите во земјата на 3.160.