Претседателот на Ерменија позитивен на корона вирус
Претседателот на Ерменија Армен Саркисијан, кој со семејството ги поминува новогодишните празници во Лондон, е позитивне на корона вирус.
Саркисијан ја дочека Новата година во Лондон со своето семејство и внуције, наведоа од неговата Канцеларија, а потоа на 3 јануари тој имал успешна операција на ногата во Лондон.
Претседателот на Ерменија, исто така, развил симптоми на корона вирус, и е позитивен на тестот.
Тој е во самоизолација и ќе ги продолжи своите активности на далечина, наведоа од Канцеларијата.