Претседателот на Чад, Идриз Деби, загина при борба со бунтовниците

Идриз Деби владееше со Чад 30 години, а минатата недела на изборите го освои својот шести мандат
Идрис Деби, долгогодишниот претседател на Чад, почина, соопшти националното радио во централноафриканската држава.
Во соопштението на армијата се вели дека 68-годишниот владетел, на власт 30 години, бил убиен „на бојното поле“ откако бил повреден, борејќи се со бунтовниците, но немаше повеќе детали.
Деби минатата недела го освои шестиот мандат на претседателските избори. Изборите предизвикаа инвазија на бунтовничката група со седиште во Либија, наречена Сила за промена и согласност во Чад (Факт), за која воените власти рекоа дека е одбиена викендот.
Официјални лица изјавија дека политичарот ветеран нема да одржи победнички говор по изборите, бидејќи тој патувал на фронтовите за да ја преземе одговорноста за воените операции.
„Умре како што живееше, како слободен човек, со оружје во рака“, изјави за француската радио мрежа РФИ, Абдерахман Куламалах, поранешен бунтовник и претседателски советник.
Извештаите од главниот град на Н’Џамена сугерираа дека по смртта на Деби, парламентот е распуштен и владата е заменета со преоден воен совет предводен од 37-годишниот син на Деби, Махамат Идрис Деби Итно, генерал.
Н’Џамена остана смирена, но продавниците беа затворени во централниот пазар „во очекување на хаос“, изјави еден жител на „Гардијан“.
Деби ја презеде контролата над стратешки лоцираната земја во вооружен бунт во 1990 година. Тој беше еден од најдолговечните водачи во Африка и близок сојузник на западните сили кои се бореа против исламистичките милитанти во западна и централна Африка.
Но, тој се соочуваше со бунтови повеќе пати во пустината на север и исто така се справуваше со зголемено незадоволство кај јавноста за неговото управување со богатството на нафта и зпогромот на противниците.
Минатата недела, бунтовниците изјавија дека презеле гарнизони во близина на северните граници на Чад со Нигер и Либија „без отпор“.
Факт е со седиште во Либија, каде има договор за ненапаѓање со Калифа Хафтар, силниот генерал кој контролира голем дел од истокот на земјата. Бунтовниците се главно составени од сахарскиот народ Горан и тие редовно се судираат со армијата на Чади.
Неговата смрт ќе ја потенцира растечката нестабилност на регионот Сахел, каде комплексната комбинација на економски, социјални, политички и еколошки фактори разгорува низа кризи.
Сепак, семејното наследство и континуираното присуство на војската во срцето на моќта може да ги смират нервозните сојузници како Франција и САД, велат набљудувачите.
Франција ја имаше базата за своите обемни антитерористички операции на Сахел во Н’Џамена. Чад, поранешна француска колонија, во февруари најави распоредување на 1.200 војници за надополнување на 5.100 француски војници во областа. (Гардијан)