Пресврт: Софи Тарнер го тужи Џо Џонас за децата, сака да ги врати во Англија


Њујорк– Неоќекуваната разделба на Софи Тарнер и Џо Џонас штотуку стана понеочекувана. Според новите судски документи до кои дојде Today, Тарнер го тужи нејзиниот отуѓен сопруг да ги врати двете деца на двојката, од три и една година, во нејзиниот „засекогаш дом“ во Англија. Актерката тврди дека нејзините ќерки моментално незаконски се чуваат во Њујорк.

Според извештајот, парот „често разговарал за нивната желба да ги воспитаат своите деца во Англија“, па дури и ја направиле родната земја на Тарнер нивна постојана резиденција уште во април.

Според тужбатана Тарнер, таа и Џонас „се скарале“ на 15 август, а дознала дека Џонас поднесува барање за развод кога веста била објавена преку медиумите на 5 септември.

Кога се појавија веста за разделбата на двојката претходно овој месец, таблоидите објавија дека Џонас (34) ги гледал нивните деца додека Тарнер (27) го снимала нејзиниот последен проект Џоан во Велика Британија. Последователните приказни на таблоидите – од кои многу обожаватели веруваат дека биле обелоденети од тимот на Џонас со цел да ја оцрнат Тарнер како лоша мајка – тврдеа дека таа сака да се забавува додека тој сака да остане дома со децата. Се чини дека Софи Тарнер сега ги презема работите во свои раце.