Престана производството на пивото „Корона“
„Корона“ пивото престана со производство.
Мексиканскиот производител на одредено време го запира производството поради пандемијата од корона вирусот.
Познатиот бренд стана главен предмет на шегување во текот на целата глобална криза заради истото име кое го носи новиот вирус.
Од фабриката велат дека тоа нема врска со името, туку дека во овој момент бизнисот е означен како неесенцијален во Мексико каде исто така се шири корона вирусот , а во земјата остануваат отворени само фабриките кои произведуваат неопходни производи.
Исто така, се ширеа гласини дека во САД има огромен пад на продажбата на ова пиво, но од комапниајта велат дека тоа не е точно.