Прес на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се стави во бугарска служба


 

Во неброена прес-конференција или соопштение во последниве денови ВМРО-ДПМНЕ повторно го обвини СДСМ дека соработувал со Бугарија. И повторно овие обвинувања ги изнесе пратеникот Миле Лефков.

„Фрапантно е со која леснотија СДС се стави во целосна служба на бугарските агенции и интереси. Апологетите на СДС во еден глас ја пренесуваат бугарската пропаганда.

Венко Филипче прифатил безусловно да биде маша за бугарските интереси и позиции во Македонија. Венко Филипче и СДС веќе не се воопшто автентични. Венко Филипче и СДС целата своја стратегија и приод и го имаат оставено на Бугарија.

Во периодот што следува ќе гледаме многу фабрикувани вести, лажни документи и изнудени реакции. Македонија, а пред сѐ премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се под удар на хибридни операции водени од страна, а извршени од СДС.

Сомневањата ни се дека крајниот финансиер на ваквите операции е една голема источна земја, која има силно влијание и во Бугарија“, рече Лефков.