Уапсени четири лица за газење и палење на македонското знаме (видео)


Фото: Б. Грданоски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, извести министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Четири од нив се уапсени заради тоа што учествувале во тепачка, а другите четири лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основано сомнение дека сториле кривично дело 319 од Кривичниот законик коешто се однесува на предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, каде што е предвидено минимална казна од една година затвор. За нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, рече Тошковски.

Едно од нив е малолетник, другите се млади лица од 18 до 21 година додаде министерот Тошковски.

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.