Прес-центарот во Охрид преполн, нема каде да се седи

Ретко кон настан во Македонија предизвикал толку големо медиумско внимание во последно време како што се разговорите на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со посредните Жозеп Борел и Мирослав Лајчак во Охрид.
Како што можете да видите на фотографијата прес-центарот е преполн, нема слободно место. За овие, според многумина, клучни преговори за договор меѓу Белград и Приштина, акредитирани се 230 новинари и сниматели од бројни медиумски куќи од регионот, но и од целиот свет. Засега, како што јавува нашиот известувач, нема прецизна агенда како ќе течат разговорите и кога ќе завршат. Се знае само дека прво Борел и Лајчак ќе имаат одвоени разговори со Вучиќ и Курти, а потоа ќе имаат заедничка средба.
Домаќин на овие разговори е премиерот Димитар Ковачевски. Разговорите се одвиваат во резиденцијалната вила „Билјана“, а прес-центарот е сместен во блискиот хотел „Инекс-Олгица“.