Препознајте кога ве мачи грип, а кога настинката
Слични по симптомите, и настинката и грипот владеат кога ќе почнат да паѓаат надворешните температури. Студот сам по себе не носи настинка или грип, но значајно влијае на пад на имунитетот, а со тоа вирусите и бактериите полесно навлегуваат и се множат во организмот. Едноставно кога на носот му студи, тој не успева да го прочисти и загрее воздухот што го дишеме, и почнуваат првите симптоми.
Течење на нос, главоболка, болки во грлото, болки во мускулите… Но, како да препознаете кога ве мачи настинка, а кога грип, и како да ги заштитите останатите во домаќинството.
И настинката и грипот се вирусни заболувања кои се пренесуваат преку распространетите капки од носот, устата или преку рацете. Миење на рацете и изолација на болниот во првите неколку дена кога симптомите се најизразени помага да се заштитите од вирусот. Можноста за пренос на настинката или грипот постои дури и кога се чувствувате оздравено, но дел од симптомите како растечениот нос или кашлица може да продолжат и до две недели и да ја шират заразата.
Настинката има поблаги симптоми, кои се развиваат во рок од два до три дена откако лицето се заразило. Во првите неколку дена настинката го доживува пикот – синусите се воспалени, болки во грлото, зголемена температура, кивавица и кашлица.
Грипот пак, развива болки во коските и мускулите. Температурата на телото се зголемува на околу 40 степени Целзиусови и трае околу два дена.
За вирусни заболувања, како што се настинката и грипот, антибиотик не помага. Вообичаено се препишува кога покрај вирусот ќе се појави и бактериска инфекција.
Зачувување на здравјето е комплексен процес. Исхраната, намалената физичка активност и стресот исто така влијаат на одговорот на имунитет кога ќе се соочиме со вируси. Како со тоа се снаоѓаат македонските граѓани, се обиде да одговори и истражувањето на Галеника за користењето на лекови во државава. Тоа покажа дека во домашните аптеки на граѓаните во Македонија според 75 проценти од испитаниците најчести се лековите за настинка, воспалено грло и кашлица, а 73% се изјасниле дека дома имаат антипиретици за намалување на високата температура, и 61% дома имаат аналгетици.
Во тој случај што помага за настинка или грип?
Комбинација на ибупрофен и псеудоефедрин на една од најголемите фармацевтски компании во регионот, се покажува како одлично решение кое се користи без рецепт, а за повеќе информации болниот може да се консултира и со фармацевтот. Комбинација на ибупрофен и псеудоефедрин се користи за ублажување на симптомите на затнат нос, синусна конгестија, главоболка, болка, воспаление, зголемена температура и други симптоми на настинка и грип.
Псеудоефедринот е деконгестив кој помага да се намали отокот во носната слузница а со тоа ја намалува и затнатоста во носот. Додека пак ибупрофенот е нестероиден антиинфламаторен лек кој ја намалува болката и главоболката а исто така ја намалува и зголемената температура и знаците на воспаление.
Производот на Галеника во аптеките може да се најде во форма на таблети за возрасни и сируп за деца над 6 години.
Портфолиото производи кои компанијата ги нуди на македонскиот пазар вклучуваат витамини кои помагаат за подигање на имунитетот, што е особено важно во есенските и зимските месеци кога утринските температури се значајно пониски од дневните. Подигање на имунитетот може да вклучува користење на витамин Д, пробиотици, Цинк или Бе витамини. Производите на Галеника, освен со врвниот квалитет се одликуваат и со одлични комбинации за телото правилно да ги искористи овие додатоци, а за повеќе информации може да го прашате и фармацевтот во аптеката.
(Комерцијален текст)